Англискиот прволигаш Челзи преку официјално соопштение потврди дека ја стопира изградбата на новиот стадион.
„Планот за изградба на нов стадион е запрен. Одлуката е донесена поради лошата клима за инвестирање. Клубот нема временска рамка во која повторно би ја разгледувал идејата за реконструкција“ – стои во соопштението на Челси.
Оваа одлука доаѓа само неколку дена откако на газдата на Челзи, Роман Абрамович, не му беше продолжена визата за престој во Велика Британија. Рускиот милијардер потоа побара израелско државјанство кое ќе му овозможи да престојува на Островот 6 месеци. Aбрамович, наводно, не планира да бара продолжување на британската виза што ќе го оневозможи да работи на Островот и покрај тоа што е сопственик на клубот. Одложувањето на нова виза доаѓа по дипломатските тензии меѓу Лондон и Москва откако беше отруен поранешниот руски шпиун Сергеј Скрипаљ во Салсбeри.
Инаку, Новиот стадион на Челзи требаше да има 60.000 седишта и да чини една милијарда фунти. Тој требаше да биде готов до почетокот на сезоната 2023/24.