На партискиот конгрес на конзервативците во Бирмигнем, британската премиерка делуваше победнички. Танцуваше, дојде, виде и ги победи неистомислениците. Но, тоа не помага во однос на Брегзит, смета Бернд Ригерт.
Во едно нешто различните крила на конзервативците, мекото и тврдото Брегзит крило на партискиот конгрес во Бирмингем беа согласи: за се е виновна ЕУ, ако нешто не излезе како што треба. Едните сметаат дека ЕУ се обидува на Британците да им стави окови, да им нанесе економска штета, да ги казни.
Другите пак мислат дека ЕУ се обидува да врши притисок врз британската влада да го отфрли секој разумен предлог за Брегзит и дури да го поткопа единството на Обединетото кралство со Северна Ирска. Како радикалните борци за Брегзи групирани околу политичкиот кловн Борис Џонсон така и поумерените националисти околу Меј се чуствуваат лошо третирани од нивните „европски пријатели”.
Најмал заеднички именител на конзервативците е да се напаѓа ЕУ. За тоа како да се изведе излез од ЕУ има различни ставови. На тој факт ништо не смени ни говорот на премиерката кој беше важен за душата на партијата. Добро беше прифатен нејзиниот апел да застанат зад конзервативните идеали како независност, слобода и слободниот пазар. Добро беше примена и нејзината визија за прекрасна иднина која ја очекува ослободената Велика Британија. Но во практичната политика не може да се види како мисли да ги помири подджувачите на тврдокорните за Брегзит, за договор за слободна трговија или пак за учество во внатрешниот европски пазар. Воопшто не можеше да се чуе ни како мисли да ја убеди ЕУ за нејзините барања за специјално решение за Британија.