Свет 30. април 2018. / 14:44

Јужнокорејскиот претседател смета дека Трамп треба да ја добие Нобеловата награда за мир

Јужнокорејскиот претседател смета дека Трамп треба да ја добие Нобеловата награда за мир

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин изјави денеска дека на американскиот претседател Доналд Трамп треба да му се додели Нобеловата награда за мир поради неговите напори да прекине застојот во односите со Северна Кореја во врска со нуклеарната програма на таа држава.

– Претседателот Трамп би требало да ја добие Нобеловата награда за мир. Само мирот е она што ни треба, нагласи Мун на состанок на својот Кабинет.

Од неговиот Кабинет вчера беше соопштено дека Ким Џонг-ун го известил Мун дека во мај ќе биде затворен полигонот за тестирање нуклеарно оружје и тоа ќе го види целиот свет.

Во јануари Мун нагласи дека Трамп заслужува големи пофалби за процесот до преговорите меѓу двете Кореи.