Свет 11. април 2020. / 12:00

Јужна Кореја ќе ги следи самоизолираните со помош на електронски алки

Јужна Кореја ќе ги следи самоизолираните со помош на електронски алки

Премиерот на Јужна Кореја, Чунг Сеј-Kијун, изјави дека земјата ќе користи електронски алки за луѓето кои ги кршат правилата за самоизолација со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.

-После длабока анализа, владата одлучи да им стави електронски алки на луѓето кои ги кршат правилата за самоизолација, како што е излегувањето надвор без најава и не одговарањето на телефонски повици, откри Чунг во саботата.

И покрај тоа што земјата веќе ја забавува појавата на вирусот според анкетата на владата, над 80% од граѓаните ја поддржуваат идејата за спроведување нови мерки во услови на криза, како што е и употребата на електронски рачни алки.