Почнувајќи од следниот вторник, сите граѓани на Јужна Кореја ќе мора да носат заштитни маски во такси возилата и во јавниот превоз. Истата мерка ќе се применува на сите домашни и меѓународни летови од следната среда.
Од почетокот на јуни, сите сопственици на високоризични објекти за пренос на вирусот, како што се барови, клубови, фитнес центри и концертни сали, ќе треба да користат „QR“ код од паметни телефони за да ги регистрираат клиентите, така што надлежните ќе можат полесно да ги следат доколку се појави инфекција.
Почитувањето на задолжителното носење заштитни маски во јавниот превоз ќе го контролираат возачите на автобусите и вработените во метроата, додека таксистите ќе можат да одбијат да превезуваат патници кои не го почитуваат ова правило.
Клиентите кои одбиваат да го скенираат „QR“ кодот на влезот на местото за забава треба да ги испишат своите лични информации рачно.
Од почетокот на епидемијата, во Јужна Кореја има вкупно 11.206 лица заразени со вирусот, додека 267 починаа. Во последно време, најголем број на нови инфекции се пријавени во Сеул, каде околу 200 случаи се поврзани со ноќни клубови и други места за забава.