Свет 29. декември 2018. / 09:33

Јункер загрижен: Романија целосно не разбира што значи претседавање со Советот на ЕУ

Јункер загрижен: Романија целосно не разбира што значи претседавање со Советот на ЕУ

Претседателот на Европска комисија, Жан-Клод Јункер изрази сомневање дека романската Влада знае што значи да се претседава со Европска унија во следните шест месеци.

-Романија технички е многу добро подготвена за шестмесечното претседателство со Советот на ЕУ, што почнува на 1 јануари. Но, сметам дека Владата во Букурешт целосно не разбира што значи да се претседава со земјите од ЕУ… Треба да се слушаат другите и да се остават настрана сопствените грижи – истакна Јункер во интервју за „Велт ам зонтаг“.

Според него внатрешните политичките недоразбирања во Романија се сигнал дека земјата на европската сцена не изгледа како целина.

-Дома е неопходен единствен фронт за да се охрабри единството во Европа за време на претседавањето со Советот на ЕУ – наведе Јункер.