Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави дека не очекува оти ќе биде плоден неговиот состанок утре со британската премиерка Тереза Меј бидејќи нема доволно показатели дека постои напредок за брегзитот.
Mej побара да се сретне со Јункер за во последен момент да добие отстапки, пред сè, кога станува збор за регулирањето на границите помеѓу двете Ирски бидејќи без тоа тешко може да ја добие поддршка во британскиот Парламент.
Меѓутоа, Јункер повтори дека во Европската Унија не постои согласнот повторно да се отворат преговорите за договорот постигнат со британската влада.