Свет 11. ноември 2018. / 17:02

Јункер: Полека, но сигурно одиме кон договор за Брегзит

Јункер: Полека, но сигурно одиме кон договор за Брегзит

Денеска претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека е постигнат напредок кон дефинитивен договор за Брегзит, но оти процесот е бавен.

– Имам впечаток дека полека, но сигурно, одиме кон дефинитивен договор за Брегзит кој би требало да биде постигнат во следните недели, рече Јункер.

Британија би требало формално да ја напушти Европската унија кон крајот на март 2019 година, но неопходно е договорот за „разводот“ на европскиот блок и Британија да биде постигнат во догледно време, за да го ратификуваат парламентите на земјите-членки.