Претседателот на Европската Комисија , Жан Клод Јункер денеска изјави дека не може уште еднаш да се преговараз а излезот на Британија од ЕУ.
Без оглед на одлуката на британскиот Парламент , не може уште еднаш да се преговараз а Брегзит , дециден е Јункер.
Тој во Европскиот Парламент го повтори ставот , кој веќе го искажаа повеќето лидери на земјите членки на ЕУ , откако британскиот парламент донесе вчеравечер одлука премиерката Тереза Меј да бара отворање на нови преговори за да се дојде до алтернативно решение за границата меѓу Ирска и Северна Ирска.
Јункер потенцираше дека постоечкиот договор за излез на Британија од ЕУ е најдобар и единствен договор.