Свет 20. март 2019. / 17:46

Јункер: Mора да има Брегзит пред изборите за ЕП

Јункер: Mора да има Брегзит пред изборите за ЕП

Претседателот на Европската Комисија , Жан Клод Јункер изјави дека Брегзит мора да има без одложување.

Јункер изјави дека Британија ќе мора да ја напушти Европската Унија пред почетокот на изборите за Европскиот парламент на 23 мај. Доколку Британија не учествува во изборите треба пред тоа да ја напушти Унијата , изјави Јункер.

Ова е многу порано отколку рокот што го побара британската премеирка Тереза Меј од најмалку два месеца до две години.

Таа во писмото упатено до лидерите на ЕУ бара одложување на Брегзитот од 29 март на 30 јуни.