Свет 01. јуни 2018. / 19:27

Јункер: Кратко и јасно, од САД чист протекционизам

Јункер: Кратко и јасно, од САД чист протекционизам

Претседателот на Европската Комисија Жан-Клод Јункер изрази загриженост поради воведувањето на царина на челик и алуминиум кои се извезува во САД и наведе дека станува збор за протекционизам.

„ЕУ верува дека едностраните царини се неоправдани и се во судир со правилата на Светската трговска организација. Ова е протекционизам, кратко и јасно“, наведе Јункер.

Според него, ЕУ постојано разговара со САД за проблемот со големото производство на челик, кое исто така и штети и на самата Унија. Јункер рече дека ЕУ е отворена за разговори за подобрување на трговските односи, но и повтори дека нема да преговара под закани.

„Ќе ги браниме интересите на Унијата, во потполност се придржуваме до меѓународното трговско право“, изјави Јункер.