Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер изјави дека европските лидери ќе разговараат со американскиот претседател Доналд Трамп за трговијата, но дека нема да преговараат со „пиштол вперен во глава“.
Јункер на конференцијата за новинари во Канада во пресрет на самитот на Групата седум, рече дека што се однесува до трговијата, Европјаните ќе ги изнесат фактите и податоците „зошто ЕУ е сојузик, а не закана за националната безбедност на САД“.
Трамп најавувајќи царини за алуминиумот и челикот рече дека тие се воведуваат поради националната безбедност, што од страна на ЕУ беше отфрлено како несоодветно објаснување.