,,Ако на Балканот му ја ускратиме перспективата на членство , тогаш таму ќе доживееме она што го видовме во 90 – тите и тоа е можно да се случи наскоро.” , предупреди Јункер. Тој воедно нагласи дека патот до членство на земјите од Балканот е долг , бидејќи нивниот напредок се уште не е доволен и за тоа не може да стане збор пред 2025 година.
Јункер се заложи ЕУ да им предложи на земјите од Западен Балкан да воспостават економски простор во кој би можеле да се развиваат , на ист начин како што бис е развивале кога еден ден ќе станат членки на ЕУ.
Јункер денеска одржа говор во Виена по повод 100 – годишнината од формирањето на Австрија во ноември 1918.