ЕУ планира да испрати уште 10.000 гранични полицајци за да се справат со незаконската миграција до 2020 година, порача претседателот на Европската Комисија,Жан Клод Јункер, за време на неговото годишно обраќање.
Тој истакна дека тоа нема да ја милитаризира Европа. Повика на поголема солидарност, наместо ад-хок опции за луѓето на мигрантските бродови.
Во неговиот говор, тој се осврна и на други регионални жешки прашања, како што се популизмот, тероризмот и Брегзит. Тој исто така предложи и нова алијанса помеѓу Африка и Европа, базирана на соработка, наместо на хуманитарна помош и донации, која ќе води кон слободен трговски договор меѓу двата континенти.
Јункер предложи еврото да се користи повеќе стратегиски како најголема валута по доларот. Исто така повика на силно лидерство за Брегзит.
„Ние исто така ја замоливме британската Влада да разбере дека доколку некој ја напушти Унијата, неможе да биде со иста привилегија како и членките. Ако ја напуштите Унијата, вие се разбира не сте повеќе дел од нашиот единствен пазар“ рече Јункер.