Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер денеска изрази надеж дека договорот од јули со претседателот Доналд Трамп да не се воведат царини на автомобилите, ќе опстани, но дека ЕУ ќе воведе сопствени царини доколку САД го променат ставот.
Трамп ја одбил понудата за укинување на царините на автомобилите и рекол дека трговската политика на ЕУ е речиси еднакво лоша како и кинеската.
Јункер рекол дека ЕУ нема да дозволи никој да ја одредува нејзината трговска политика.
Доколку Вашингтон го наруши договорот и воведе тарифи на автомобилите, Унијата ќе го направи истото, додаде претседателот на ЕК.