Претседателот нс Европската комисија, Жан Клод Јункер ја повика Велика Британија да се соземе и да одлучи што точно сака од Брегзит процесот.
Обединетото Кралство треба да ја напушти ЕУ на 29 март следната година.
Високиот британски министер за Брегзит, Лиам Фокс вели дека шансите се 50-50 Велика Британија да не ја напушти ЕУ на 29-ти март, ако следниот месец пратениците го отфрлат договорот за брегзит на премиерката Тереза Мај.
Договорот што го преговара Мај со ЕУ – кој ги поставува условите за излез на Велика Британија и декларација за идните односи – ќе стапи во сила само со мнозинство во парламентот.
Гласањето требаше да се одржи на 11 декември, но премиерот го одложи откако стана јасно дека ќе биде поразена со голема разлика, пренесе Би-би-си.