Свет 02. октомври 2018. / 20:37

Јункер до Британците: Ниеден ваш авион нема да слета на европско копно доколку не успеат преговорите

Јункер до Британците: Ниеден ваш авион нема да слета на европско копно доколку не успеат преговорите

Расправата во Велика Британија по повод нејзиното излегување од ЕУ и натаму е далеку од реалност, оценил претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер.

“Понекогаш имам впечаток дека Британците мислат дека сме откажани од Велика Британија, но всушност е обратно”, рекол Јункер вчера на форумот во германскиот град Фрајбург и додал дека британската јавност никогаш не била правилно известена за последиците за излегувањето од блокот.

Во Британија никогаш не беше одржана вистинска кампања за референдумот и Британците, како и министрите во британската влада, дури сега откриваат колку прашања се отворени со Брегзит, вели тој.

“Доколку преговорите за воздушниот сообраќај не успеат, ниеден британски авион нема да може да слета на континентот. Луѓето тоа не го знаат и требало да им биде кажано”, рекол Јункер и додал дека Брегзит е прашање од минатото, а тој сака да се занимава со иднината на 27-те членки на ЕУ.

“Се наоѓаме на сред овие тешки преговори за Брегизт и јас сум за тоа да се најде добар начин за соработка со Британците како пријатели. Мора да бидеме цивилизирани”, заклучил Јункер.