Свет 26. март 2019. / 14:29

Јункер денеска го повтори барањето за поголем пристап на европските компании до кинескиот пазар

Јункер денеска го повтори барањето за поголем пристап на европските компании до кинескиот пазар

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод-Јункер денеска го повтори барањето за поголем пристап на европските компании до кинескиот пазар.

Говорејќи на состанокот со кинескиот претседател, Си Џинпинг и лидерот на ЕУ во Париз, Јункер рече дека сака одреден реципроцитет во односите помеѓу Унијата и Кина и дека европските компании би можеле да имаат ист степен на пристап до кинескиот пазар, како што кинексите имаат во Европа.