Според информациите, Јулија (33) ќерката на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал, ја напуштила болницата, објави Би-Би-Си. Таа била пуштена од болницата, по што била пренесена на безбедно место. Нема повеќе детали за тоа каде е сместена, ниту дали е целосно опоравена. Како што пренесуваат британските медиуми, се очекува болницата утре да даде соопштение.
Нејзиниот 66-годишен татко останува во болница, а неговата состојба брзо се подобрува. Двајцата беа хоспитализирани на 4-ти март, откако беа изложени на токсичниот агенс – Новичок.
Британската влада ја обвини Русија дека стои зад труењето, но Москва ги негира таквите обвинувања и ја обвини Британија за измислување на лажна приказна.