Јорданските официјални лица изјавија дека повеќе нема да примаат сириски бегалци, кои во нов бран бегаат од јужната граница на сирискиот регион Дераје.
Силите на сирискиот претседател Башар ал-Асад се повеќе ги интензивираат воздушните и копнените напади во јужната бунтовничка енклава Дераје.
Во исто време, САД на локалните бунтовнички групи им порачаа дека нема да интервенираат, така што се поголем број цивили одлучуваат да побегнат во соседен Јордан.
Портпаролката на Јорданската влада, Џумана Гунајмат, рече дека Кралството Јордан соработува со САД и Русија за да ги заштити националните интереси.
-Јордан веќе прими премногу бегалци од Сирија и веќе тоа, едноставно, не можеме да го правиме, вели таа.
Според официјалните информации на владата, Јордан згрижи 660 000 сириски бегалци, но неофицијални извори тврдат дека има двојно повеќе бегалци од Сирија во таа земја.