Движењто на јеменските Хути соопшти дека собориле саудиски хеликоптер „апачи“ кај границата со Саудиска Арабија, во саудискиот регион Асир и дека двајцата саудиски пилоти загинале, пренесува „Спутник“.
–Саудискиот хеликоптер е соборен со ракета земја-воздух. А неговите двајца пилоти загинаа откако хеликоптерот целосно изгоре – наведе портпаролот на Хутите, Јахја Сареа на Твитер.
Од коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која се бори против Хутите веќе четири години, нема потврда за овој настан. Претходно полицијата на Хутите тврдеше дека пресретнале авион Ф-15 на силите на коалицијата предводена од Саудиска Арабија. Портпаролот на воената коалиција, полковник Турки Ал-Малики подоцна ги демантираше тврдењата.