Свет 08. јануари 2021. / 21:09

Јасно е дека коронавирусот ќе продолжи да мутира, тврди американски имунолог

Јасно е дека коронавирусот ќе продолжи да мутира, тврди американски имунолог

Професорот по микробилогија и имунологија, Џејмс Ле Дук и директор на Националната лабораторија Галвестон во Тексас, зборуваше за ХРТ за епидемијата на коронавирусот.

Според него, сосем е јасно дека вирусот ќе продоли да мутира.

“Не сме изненадени кога ги гледаме овие мутации. Треба да се грижиме дали вакцината штити и од овие мутации. Јас сум многу возбуден да кажам дека новата работа од нашиот универзитет докажа дека најчестите мутации не влијаат на ефикасноста на вакцините. Постојните вакцини исто така ќе штитат од најновите мутации на вирусот “, нагласи Ле Дук.

Тој појасни дека  палнот којшто бил подготвен во случај на пандемија кога пред 15 години се појави птичјиот грип е истот план кој сега се спроведува.

„Предизвик е да можете да имате план, но исто така треба да се спроведе, а тоа бара утврдена политичка волја“, рече Ле Дук.