Свет 31. август 2018. / 11:58

Јапонското Министерство за одбрана побара рекордни 40 милијарди евра

Јапонското Министерство за одбрана побара рекордни 40 милијарди евра

Јапонското Министерство за одбрана побара рекордни 40 милијарди евра за една година, заклучно со март 2020 година, со кои ќе може да купи дополнителни противракетни системи од типот АЕГИС.

Со буџетот е предвидено и набавка на шест најмодерни американски борбени авиони од типот Ф-35, како и друга воена опрема.

Министерството за одбрана оценува дека воените набавки се неопходни имајќи ја предвид воената закана од Северна Кореја и нејзините ракетни и нуклеарни проби.

Јапонија исто така гледа воена закана и во растечката моќ на Кина.