Тајфунот Трами се движи кон јужните острови на јапонскиот архипелаг, a во текот на викендот би требало да го продолжи патот кон главните острови на Јапонија.
Меѓутоа, областите кон кои се движи најновиот тајфун веќе беа погодени од обилни врнежи во текот на летото.
Поради налетот на тајфунот, властите предупредија на опасност од силни бранови, поплави и лизгање на земјиштето.
Трами, кој засега бавно се движи, се очекува да забрза во наредните часови, при што ќе донесе ветришта со брзина од околу 200 километри на час.
Годинава ова е 24. тајфун во Азија, а поради истиот некои авиокомпании превентивно ги откажаа летовите.