Свет 02. јануари 2020. / 12:45

Јапонскиот цар изрази надеж дека во новата година нема да има природни катастрофи

Јапонскиот цар изрази надеж дека во новата година нема да има природни катастрофи

Јапонскиот цар Нарухито, во својот прв говор во новата година изрази желба 2020 да помине без природни катастрофи.

Царот кој го наследи престолот минатата година во мај, царицата Масако и другите членови на семејството ги поздравија десетиците илјади Јапонци кои се собраа пред кралската палата.

– Мило ми е што ја прославувам Новата година со вас. Но, во исто време, се грижам за луѓето кои минатата година беа погодени од тајфуни и обилни дождови. Се надевам дека оваа нова година ќе биде убава, мирна и без природни катастрофи – истакна Нарухито.

Двапати годишно, за Нова Година и за неговиот роденден, јапонскиот цар се појавува на балконот на палатата. Во оваа пригода до него беа и поранешниот цар Акихито кој абдицираше на 30 април, што беше прв таков потег во земјата за 200 години, и поранешната царица Мичико.