Свет 12. ноември 2020. / 19:07

Јапонски лекари: Третиот бран на корона вирус дојде кај нас

Јапонски лекари: Третиот бран на корона вирус дојде кај нас

Претседателот на јапонското лекарско здружение Тошио Накагава изјави дека неодамнешниот пораст на заразени со ковид-19 го смета за трет бран и ја повика Владата да ги засили мерките на ограничувања за да се запре ширењето на коронавирусот.

Јапонското министерство за здравство вчера соопштило за 1.546 нови случаи на ковид-19 и за 10 смртни случаи, што е најголем број на дневни инфекции од 7 август, кога бил врвот на последниот бран. Во Токио вчера се евидентирани 317 нови случаи, пишува CNN.

Во Јапонија досега се регистрирани 112.423 инфекции и 1.864 смртни случаи.