Свет 28. август 2018. / 10:58

Јапонија: Северна Кореја и понатаму ја загрозува нашата безбедност

Јапонија: Северна Кореја и понатаму ја загрозува нашата безбедност

Северна Кореја и понатаму ја загрозува безбедноста на Јапонија, и покрај запирањето на ракетните проби и ветувањата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун дека ќе го денуклеаризир Корејскиот Полуостров, објавено е во Белата книга на јапонското Министерство за одбрана.

„Воените активности на Северна Кореја се најсериозна закана со која се соочува нашата земја”, се вели во документот, истакнувајќи ја и загриженоста поради „зајакнувањето на воената моќ на Кина”.