Јапонскиот премиер Шинѕо Абе најави дека вонредната состојба, што беше во сила во Токио и четири други административни области од средината на мај поради пандемијата на корона вирусот, ќе биде укината, но предупреди за можноста за повторно воспоставување на ограничувања доколку почне ширење на вирусот.
Абе се обрати откако неговата влада ги укина ограничувањата на 14 мај во повеќето префектури, освен Токио и четири други региони каде остана во сила..
Јапонскиот премиер, исто така, најави дека вкупниот износ на стимул за економијата на земјата ќе достигне 200 трилиони јени преку два пакети за помош, но предупреди дека ќе биде потребно долго време животот да се врати во нормала.
Абе истакна дека и биле потребни на неговата земја само месец и половина да го запре ширењето на инфекцијата, додавајќи дека тоа ја покажало силата на „јапонскиот модел“.