Свет 30. август 2018. / 10:09

Јапонија: Драматична снимка од пилот кој го спаси авионот во последен момент (ВИДЕО)

Јапонија: Драматична снимка од пилот кој го спаси авионот во последен момент (ВИДЕО)

Драматична снимка открива како еден пилот се избори со силниот ветер од над 215 километри на час кој што практично „го турна“ авионот со носот кон земјата.

Снимката направена во Јапонија најдобро покажува колку сериозни проблеми имаат пилотите кога временските услови не се погодни за слетување. Авионот „Боинг“ практично беше турнат од ветерот на тајфунот „Симарон“ кон пистата на аеродромот Нарита во Токио.

Јапонските власти откриваат дека во тој период на подрачјето околу аеродромот дувале ветрови со брзина поголема и од 215 километри на час, па воопшто не е чудно што авионите имаа големи проблеми при слетувањето.

Тајфунот „Симарон“ предизвика сериозни проблеми во авиосообраќајот во Јапонија, па само на аеродромот Нарита биле откажани над 300 летови.