Свет 08. август 2018. / 22:14

Јапонија: 138 лица починаа, над 71.000 хоспитализирани поради топлотниот бран

Јапонија: 138 лица починаа, над 71.000 хоспитализирани поради топлотниот бран

Како последица на екстремно високите температури во Јапонија во последните три месеци починале 138 лица.

Во извештајот на Националната агенција за природни катастрофи се наведува дека во периодот од 30 април досега починале над стотина лица. Поради проблеми поврзани со екстремно високите температури, хоспитализирани се 71.266 лица.

Извештајот покажува дека станува збор за рекорден број жители чија здравствена состојба била нарушена поради високите температури.