Свет 02. јуни 2018. / 19:17

Ја застрелале додека им помагала на повредените – Во Газа убиена млада палестинска болничарка (ВИДЕО)

Ја застрелале додека им помагала на повредените – Во Газа убиена млада палестинска болничарка (ВИДЕО)

За време на судирите на стотиците палестински демонстранти и израелската војска во источна Газа, на границата со Израел, вчера била убиена 21-годишната Палестинка Разан ал Наџар.

Нејзините фотографии и снимки беа објавени на Твитер бидејќи станува збор за девојка која со недели волонтираше како болничарка и им помаше на повредените во протестите, пишуваат светските медиуми.

Разан ал Наџар е убиена додека им помагала на повредените, а во моментите кога била застрелана во градите на себе имала бела лекарска престилка, пишува Франс прес.

 

Со убиената Ал Наџар во протестите се повредени над стотина Палестинци. Министерство за здравство во Газа соопшти дека за време на судирите припадници на израелската војска стационирани во пограничната област користеле солзавец и боева муниција, додека Палестинците во рацете имале камења кои ги фрлале на војниците и палестински знамиња.

Израелската војска соопшти дека демонстранти се собрале на пет точки покрај границата и „со палење гуми покрај безбедносната ограда се обиделе да ја оштетат безбедносната инфраструктура“

 

Восјката додава дека имало обиди на Палестинците незаконски да ја минат границата со Израел и да постават бомба и дека војниците „дејствувале согласно наредбите“.

Од 30 март, откако траат протестите во Појасот Газа, загинаа 118 Палестинци, а илјадници се ранети.