Федералната влада на САД го погуби Брендон Бернард, афроамериканец од Тексас, кој во 1999 година бил вмешан во убиството на еден пар, и покрај апелот од многу граѓани и судии за запирање на егзекуцијата.
На Бернард (40) прими смртоносна инекција во сојузниот затвор во Тере Хауте, Индијана, а сведоците ја пријавија неговата смрт во 02:32 по Гринич на медиумите.
Бернард имал 18 години кога тој и уште четворица тинејџери учествувале во убиствата на Тод и Стејси Багли, пар кој си одел на пат кон дома од црква во Килин, Тексас.
Неговиот случај го привлече вниманието на многу познати личности и критичари на смртна казна, поради неколку фактори за кои сметаа дека требало да му одобрат прекин на егзекуцијата, меѓу кои спаѓа и неговата возраст кога го извршил злосторството.