Свет 07. ноември 2018. / 12:03

Извлечено уште едно тело од под урнатините во Марсеј

Извлечено уште едно тело од под урнатините во Марсеј

Противпожарната служба на Марсеј соопшти дека од под урнатините на двете згради денеска е извадено уште едно тело, со што бројот на жртви се искачи на пет.

Ја продолжуваме нашата работа во надеж дека ќе најдеме преживеани, изјави шефот на марсејската противпожарна служба Шарл-Анри Гарие.

Локалните власти претходно соопштија дека постои сомневање оти под уранитините има осум лица. До сега се пронајдени тела на тројца мажи и две жени.

Спасувачката акција е отежната поради тоа што уривањето ги дестабилизирало соседните објекти во густо населениот централен кварт Ноаи.

Вкупно 105 лица се евакуирани од безбедносни причини и сместени во хотели, соопштија градските власти.

Властите исто така соопштија дека продолжуваат да се бараат и причините за уривањето во реон, во кој според локалните жители има многу оштетени згради на кои им е неопходна поправка.