Нуркачите го извлекоа жив еден од инженерите од траектот што се преврте и потона во езерото Викторија во Танзанија. Го спасило чудо – останал заробен во така наречен воздушен џеб, мала просторија под палубата во којашто не навлегла вода.
Спасувачите кои ги извлекуваат телата на загинатите, за време на потрагата го слушнале како тропа на ѕидот. Спасениот инженер е во тешка состојба, но лекарите веруваат дека ќе заздрави.
Инаку, бројот на загинати, според најновите податоци се искачи на 207 луѓе. Траектот потона во четвртокот вечерта, само неколку метри од пристаништето на Укерве, најголемиот остров на езерото Викторија. Се претпоставува дека на бродот имало над 300 лица.
Танзанскиот претседател Џон Магуфули вчера нареди апсење на одговорните за бродоломот.
На истото езеро во Танзанија во 1996 година во бродска несреќа загинаа најмалку 500 луѓе.
Бродските несреќи се честа појава на езерото Викторија, каде сопствениците на бродовите не ги почитуваат стандардите за пловидба