„Исламска држава“ во Сирија и Ирак во моментов брои меѓу 20.000 и 30.000 членови, покажува најновиот извештај на Обединетите Нации.
Во извештајот се наведува дека нивната глобална мрежа и онаа на „Ал-Каеда“ претставуваат растечка закана.
Покрај поразот на „Исламска држава“ во Ирак и голем дел во Сирија, експертите наведуваат дека голем број нејзини членови остануваат во тие земји, некои и понатаму учествуваат во борбите, а други се кријат.