Свет 05. мај 2020. / 14:10

Израелски ракетен напад на територија на Сирија

Израелски ракетен напад на територија на Сирија

Сириската противвоздушна одбрана одбила израелски ракетен напад во провинцијата Алепо.

Како што објави сириската новинска агенција „САНА“, цел на израелскиот ракетен напад биле воени магацини лоцирани во близина на градот Ал Сафир, околу 360 километри од Дамаск.

Локална сириска телевизија, пак, објави дека мета на нападот на израелските воени авиони биле позиции на сириската армија и проиранските шиитски формации во источниот дел на Сирија.

Израелските воздушни напади биле извршени врз копнени цели во близина на градот ел Мејадин во провинција Деир ал Зор.