Израелските војници приведоа 27 Палестинци во окупираниот Западен Брег, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на израелската Војска, во рациите извршени синоќа на Западниот Брег се приведени 27 Палестинци под образложение дека биле вмешани во терористички активности.
Во соопштението се додава дека приведените лица биле пренесени до надлежните органи за испрашување.
Израелските сили често вршат рации во окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим (Кудс), и под различни изговори приведуваат Палестинци.
Според податоците на Здружението на палестински затвореници, во израелските затвори се наоѓаат околу 6.000 Палестинци.