Министерството за здравство во Палестина соопшти дека израелските војници повредиле 32 Палестинци за време на масовните протести недалеку од израелската граница во Појасот Газа.
Палестинците за време на протестите фрлале запалени гуми преку граничната ограда, а израелските сили одговориле со оган и солзавец, пренесе АП.
Агенцијата потсетува дека екстремистичката група Хамас, која е на власт во Газа, организира протести по должината на израелската граница веќе шест месеци поради израелско-египетската блокада во ова подрачје.
Од март за време на протестите биле настрадани се 155 Палестинци, а во јули загинал еден израелски војник.