Свет 02. април 2020. / 13:20

Израелскиот премиер Нетанјаху ќе ја продолжи самоизолацијата поради коронавирусот

Израелскиот премиер Нетанјаху ќе ја продолжи самоизолацијата поради коронавирусот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху (70) ќе ја продолжи самоизолацијата за шест дена откако беше објавено дека министерот за здравство Јакоб Лицм е позитивен на новиот коронавирус, а согласно препораките на лекарите,соопши денеска израелската Влада.

Нетанјаху ја заврши вчера дводнеделната самоизолација, во која беше по сознанието дека негов советник е болен од Ковид-19.

Министерството за здравство утрово објави дека од Ковид-19 се разболеле Лицман и неговата сопруга и дека се чувствуваат добро.

Лицман (71) е член на Ултра-ортодоксната заедница и ги повика другите припадници да се придржуваат кон мерките на владата за да се спречи ширењето на коронавирусот.