Свет 30. март 2020. / 18:20

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ставен во карантин

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ставен во карантин

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху од денеска ќе биде во карантин, откако е утврдено дека негов парламентарен соработник е позитивен на корона вирусот.

Официјални извори соопштија дека според првичната истрага, малку е веројатно дека 70-годишниот премиер да е заразен.

Предвидено е Нетанјаху утре да биде тестиран за корона вирусот. Претходниот тест, направен на 15 март, бил негативен.

Израелското Министерство за здравство бара 14-дневна самоизолација и тестирање на корона вирус за секој кој бил во близина со заразено лице.

Израелските медиуми јавија дека парламентарниот помошник бил присутен на седницата на Парламентот минатата недела на која присуствувале Нетанјаху и опозициските пратеници на која се обидуваа да формираат коалициска Влада на национално единство за да се помогне во решавање на кризата со пандемијата на корона вирусот.