Еден израелски војник е убиен за време на апсење на Западниот Брег кога голем камен, фрлен од покрив, го погодил во главата.
Како што соопштија од израелската армија, 21-годишниот војник Амит Бен Јигал бил во „оперативна активност“ во градот Џенин кога се случил инцидентот.
Во тек е потера по напаѓачот.
Израелската армија честопати спроведува рации пред зори за да ги уапси бараните екстремисти во Западниот Брег и повремено наидува на локален отпор, но ретко гинат војници во таквите акции.
Израелскиот министер за одбрана, Нафтали Бенет, најави дека армијата ќе ги гони терористите одговорни за смртта на војникот и ќе ги изведе пред лицето на правдата.
Загинатиот војник е прва воена жртва на Западниот Брег од почетокот на оваа година.