Свет 22. јануари 2020. / 13:27

Израелски војници во Газа убиле тројца Палестинци

Израелски војници во Газа убиле тројца Палестинци

Израелски војници убиле тројца Палестинци кои врз нив фрлиле експлозивна направа додека се обидувале да ја преминат границата од соседна Газа, соопштија од израелската војска.

Израелците соопштија дека трупите ја опколиле областа во близина на јужниот крај на палестинската енклава, откако три осомничени лица биле забележани како ја минуваат границата.

Засега нема коментар од Газа, кој е под команда на групата Хамас.

Инцидентот е прв од ноемвриските гранични судири во кои загинаа 34 Палестинци, а повредени беа десетици Израелци.