Со растечкото насилство, да се биде бел фармер во Јужна Африка, стана опасна работа, пишува „Раша тудеј“. Некои од нив ангажираат поранешни израелски експерти за обука на специјалните сили за да ги научат самоодбрана.
Во периодот 2016-2017 година се случија 74 убиства и 638 напади првенствено на бели фармери, според групата за права на малцинствата „Афри форум“, според чии процени годинава ќе бидат убиени повеќе фармери отколку во изминатите три години“, неодамна напиша Јан Камерон од групата.
Ситуацијата ги принуди белите фармери да почнат да се подготвуваат за да преживеат евентуален напад. Некои му се обратија на Идан Аболник, поранешен припадник на израелските специјални сили, кој ги обучува за борба лице в лице и за ракување со оружје.
Системот за самоодбрана се нарекува „крав мага“, а бил развиен специјално за израелските одбранбени сили. Аболник ја донесе вештината во Јужна Африка.
„Часовите се отворени за секого и секој што сака специјално дизајниран систем за земјоделците. Ние ги обучуваме да се справат со разни напади. Програмата чини околу 1.500 долари за лице за интензивен двонеделен курс“, изјави Аболник за телевизискиот канал „Њуз 24“ во Јужна Африка.
Белите фармери, и покрај тоа што се малцинство во Јужна Африка, поседуваат 72 отсто од фармите во земјата. Новата влада на Јужна Африка неодамна објави план за редистрибуирање на земјиштето на црното население. Критичарите предупредија дека Јужна Африка може да го повтори катастрофалниот експеримент од страна на владата на Зимбабве во 1999-2000 година.