Свет 23. мај 2018. / 13:17

Израелски борбени авиони извршија напад врз пристаниште во Газа и тунел на Хамас

Израелски борбени авиони извршија напад врз пристаниште во Газа и тунел на Хамас

Рано утрово израелски борбени авиони го гаѓале пристаништето западно од палестинскиот град Газа и тунелот кој го користи Хамас, соопшти војската. Нападот следи откако група Палестинци преминаа преку граница и уништија израелско снајперско гнездо, пренесуваат израелските медиуми.

Палестинците рекле дека слушнале експлозии во централниот и северниот дел на појасот. Новинскиот портал поврзан со Хамас, објавил дека шест ракети ја погодиле постројката која припаѓа на таа исламска екстремистичка организација во Џабали.

Целта на нападот, како што рекле Палестинците, бил малото пристаниште и дека се уништени најмалку два рибарски чамци, како и дека избил пожар. Според информациите, на пристаништето биле испалени три ракети, а нема информации за жртви.

Израел го смета Хамас, кој владее со појасот Газа, за одговорен за целото насилство кое произлегува од таа територија на брегот на Средоземното море.