Свет 06. февруари 2020. / 12:16

Израелски авиони нападнаа воени позиции и база во Сирија

Израелски авиони нападнаа воени позиции и база во Сирија

Израелски воени авиони извршија воздушни напади во близина на Дамаск, при што се повредени осум војници.

Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, соопшти дека цел на нападите биле воени позиции и борци кои имаат поддршка од Иран, како и воената база Мазех во главниот град на Сирија.

Сириските медиуми наведуваат дека сириската противвоздушна одбрана пресретнала и соборила повеќе ракети во предградието на главниот град и во јужниот дел од земјата, пред тие да ги погодат своите мети.

Засега нема никаков коментар од страна на Израел во врска со нападот.