Израелската војска уби четворица палестински милитанти во близина на границата со Појасот Газа. Мажите биле вооружени со ракети и рачни гранати, од кои една била фрлена кон израелската војска.
Војниците отворија оган и ги убија откако еден од терористите ја мина границата, наведе израелската војска на „Твитер“.