Израел има намера да користи анти-терористички техники за набљудување за заразените лица за да го следи спроведувањето на мерките за борба против ширењето на епидемијата на корона вирусот. Најавта за тие мерки предизвика загриженост за нарушување на приватноста на пациентите.
– Кибер-мониторинг, со одобрување од Владата, ќе се користи за лоцирање на луѓе кои биле во контакт со носителите на вирусот. Ние многу брзо ќе почнеме со употреба на технологија … дигитални алатки што ги користевме во борбата против тероризмот – најави премиерот Бенјамин Нетанјаху, објавувајќи дека го замолил Одделот за правда за одобрување такви мерки што ја нарушуваат приватноста на пациентите.
Шин Бет, израелска агенција за безбедност, потврди дека го анализираат барањето на Нетанјаху и користењето на можностите на технологијата за борба против корона вирусот.