Свет 22. мај 2018. / 12:47

Израелската армија удри врз Хамас

Израелската армија удри врз Хамас

Израелската армија соопшти денеска дека нападнала набљудувачки пункт на движењето Хамас во јужниот дел на Појасот Газа, откако Палестинци се пробиле преку граничната ограда и опожариле воен објект.

Армијата соопшти дека при израелскиот тенковски напад немало жртви.

Според армијата на Израел, на Западниот Брег во близина на селото Наама бил гаѓан израелски автомобил. Нема информации за жртви, а во тек е потрага по извршителите на нападот.

Израелските сили минатата недела убија 60 Палестинци за време на протестите на границата меѓу Појасот Газа и Израел.