Свет 20. јули 2018. / 20:12

Израелската армија уби тројца палестинци

Израелската армија уби тројца палестинци

Израелските војници денеска убиле тројца Палестинци на југот на Појасот Газа за време на нови демонстрации во близина на израелската граница, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Израелски воени извори соопштија дека Палестинците пукале кон нивните војници во близина на границата, при што тие одговориле​ со оган.

Палестинците од 30 март секој петок протестираат на граничната зона во знак на осуда на израелската и египетската блокада на Појасот Газа. Повеќе од 140 Палестинци се убиени од страна на израелските сили од почетокот на протестите.