Израелскиот Воен суд утринава по осми пат го продолжи притворот на угледната палестинска новинарка Лама Хатер, јавува Anadolu Agency (AA).
Невладината организација „Здружение на палестинските затвореници“ соопшти дека притворот на новинарката е продолжен за уште осум дена поради спроведување на правните процедури.
Адвокатите на одбраната соопштија дека Израел ја товари новинарката Хатер за наводно членство во забранети организации.
Активистката и мајка на пет деца, Хатер, соработувала со поголем дел палестински и блискоисточни весници.
Според податоците на палестинските институции, во израелските затвори се наоѓаат повеќе од 6.400 Палестинци, вклучувајќи и стотици малолетници и жени.